[ВИДЕО] Што се’ досега е познато за авионската несреќа во Јужна Кореја во која загинаа најмалку 127 лица, а 2 беа спасени

Макфакс

29/12/2024

11:22

936

Големина на фонт

а а а

Најмалку 127 лица, според последите информации на националната противпожарна агенција, загинаа кога патнички авион слета на аеродром во југозападна Јужна Кореја, при што леталото се излизга по пистата на стомакот пред да се запали.

Две лица беа извлечени живи од урнатините, но спасувачите предупредија дека шансите да најдат други преживеани се мали.

Летот на „Џеџу ер 7C 2216“ од Бангкок со „Боинг 737-800“ превезуваше 175 патници и шест членови на екипажот кога катастрофата се случи на аеродромот во округот Муан.

Главниот извршен директор на „Џеџу ер“, најголемиот јужнокорејски нискобуџетен превозник, рече дека авионот не покажал проблеми пред несреќата.

Што е познато досега:

Причина за уривањето: И локалните пожарникари и воздухопловните експерти велат дека е веројатно оти дошло до дефект на опремата за слетување. Ли Џеонг-хјун, шефот на пожарникарскиот оддел во Муан, исто така, ги информираше медиумите дека причината „се проценува дека е појава на удар на птица или лошо време

„Мајдеј повик“: Пилотот на авионот упатил критичен повик до контролната кула околу една минута откако го прифатил барањето на контролорите за промена на пистата за слетување за да се избегне можен ризик од удар на птици, според брифингот од Министерството. Авионот удрил во навигациска опрема на земја пред да се урне во ѕид. Според информациите кобни биле шест минути од првиот повик до уривањето.

Пронајдена една „црна кутија“: црната кутија за снимање на податоците за летот е пронајдена од комитетот за истрага на несреќата, но уредот за снимање глас сè уште не е пронајден, рекоа официјални лица. „Црните кутии“ им нудат на истражувачите критични факти што се случило.

Драматични сцени: снимката од несреќата, емитувана од повеќе јужнокорејски медиуми, покажува како авионот се лизга по стомакот со голема брзина, удирајќи во земјен насип и избивајќи во огнена топка. На видео снимката може да се види дека опремата за слетување не е активирана, додека чад се издига од задниот дел на лизгачкиот авион.

Пол на загинатите патници и националност: Меѓу жртвите има 54 мажи, 57 жени и 11 лица чиј пол не може да се утврди, според Противпожарната служба. Двајца тајландски државјани биле меѓу лицата во авионот, додека останатите биле јужнокорејци.

„Боинг“: Американскиот авијациски гигант Боинг имаше турбулентно време во последниве години, вклучително и две несреќи на 737 Max. Но, авионот вклучен во последната несреќа, Боинг 737-800, аналитичарите го опишуваат како безбеден работник на небото со исклучително силно безбедносно досие. Компанијата изрази сочувство за загинатите.

Заднина на политичката криза: Трагичната авионска несреќа доаѓа во време кога владата на Јужна Кореја се соочува со целосна политичка криза, а раководството останува неизвесно. Вршителот на должноста претседател на Јужна Кореја, Чои Санг-мок, кој е на работа само од петокот, отпатува до меѓународниот аеродром Муан каде што се урна авионот.