[ВИДЕО] Хаос на крстарење, патник напаѓал луѓе и им се заканил дека ќе ги убие: Починал мистериозно по еден час

Макфакс

20/12/2024

17:26

1.880

Големина на фонт

а а а

Според извештајот, еден патник на бродот за крстарење „Ројал Кариби“ починал додека бил во притвор откога наводно ги нападнал членовите на екипажот и им се заканувал на другите патници во алокохолизирана бесна состојба.

Мајкл Вирџил (35) починал во петокот на брод за крстарење, кој пловел за Енсенада, откога, како што тврди неговото семејство, безбедносниот персонал му инјектирал еден вид седатив, пренесува „Фокс 11“.

Вирџил наводно се заканувал дека ќе убие другите и нападнал двајца членови на екипажот во див излив што почнал помалку од еден час откако бродот тргнал од Сан Педро, објави телевизиската станица со седиште во Лос Анџелес.

Наводно, удрил двајца членови на екипажот.

„Господинот, кој беше пијан, рече дека ќе нè убие сите“, изјави патникот Кристифер Михаил. „Почна да нè брка низ ходникот“.

Додаде дека бегал заедно со член од екипажот и се скрил во шкаф за крпи, па се заклучил внатре.

Вирџил потоа повеќепати се обидел со ногата да ја искрши вратата, што може да се види и на видеоснимката од инцидентот што Михаил ја направил. На видеото Вирџил се гледа во ходникот на бродот како удира по вратата, пцуе, а потоа ја соблекува маицата.

Неколку припадници на обезбедувањето на крајот успеале да го совладаат патникот.

Тој починал за еден час после тоа под сè уште неразјаснети причини.

Причината за смртта ќе ја утврди обдукцијата. ФБИ ги истражува инцидентот и смртта.