Доколку сакате да го подобрите вашиот сексуален живот или не сте сигурни во што најмногу ќе ужива партнерот/партнерката, испробајте една од овие пози.
Овие четири секс пози се оние на кои и жените и мажите едноставно не можат да одолеат - дознајте кои се тие и зошто во нив подеднакво уживаат двата пола.
Мисионерска
Многу потценета поза, секако феноменална за жените, при која може да се достигне врвот на страста на безброј начини, без никакви акробации, ниту многу труд.
За оние кои ја обожаваат силата и моќта на машкото тело, мисионерската поза дефинитивно е на врвот на нивните омилени.
Танц во скут
Повеќето жени сакаат да ја преземат контролата, но тоа не значи дека постои само еден начин жената да биде горе.
Бидете имагинативни и испробајте ги сите физички достапни пози кои ви дозволуваат да бидете главна!
„Spooning“
Оваа поза е многу популарна кај двата пола.
Легнати на страна, партнерите се блиску еден до друг, мажот е одзади, се гушкаат, што е доволно навестување дека следува интересна авантура.
Не заборавајте дека и кожата е ерогена зона, а тоа е од големо значење, а оваа поза е многу поволна за слободни раце за допирање.
Секс на маса
Масата овде не е толку важна, како што е нејзината висина. Треба да биде на висина на половината на партнерот, а масата како маса генерално треба да биде само стабилна рамна површина. Хаубата на колата, или клавирот... во зависност од тоа колку сте авантуристи, и двајцата ќе бидете повеќе од задоволни.