Стар народен грчки лек за депресија е нешто неверојатно: Тешките мисли, анксиозноста и притисокот исчезнуваат неверојатно брзо

Точка

16/12/2024

12:22

9.180

Големина на фонт

а а а

Древниот грчки метод за лекување на депресијата и анксиозноста се заснова на питагоровиот начин на живот.

Овој животен стил вклучува развој на здрави навики, правилна исхрана, редовни вежби и развој на сопствениот ум.

Старите Грци верувале дека е неопходно секојдневно да се грижите за вашиот ум и тело. Денес, депресијата и анксиозноста станаа еден од најсериозните здравствени проблеми на човештвото.


Еве како Грците ја лекувале депресијата:

Редовно вежбање

Старите Грци го вежбале умот, но и телото. Не го одвојувале едното од другото. Практикувале вежбање во природа, но и активен животен стил.

Диета


Внесете во исхраната намирници богати со омега-3 масни киселини: ореви, маслиново масло, лосос, чиа семе, ленено семе.

Неодамнешните истражувања потврдиле дека овие масни киселини делуваат и како невропротективна супстанција.

Сончева светлина

Ова е еден од главните елементи на античката грчка медицина за депресија. Ако размислите добро, ќе сфатите дека ретко излегуваме на сонце. Седиме на нашите работни места, под вештачко осветлување и опкружени со електронски уреди. Овој тип на осветлување има негативно влијание врз спиењето, а со тоа и врз здравјето. Доколку не сте во можност да седите на сонце, земете капки витамин Д.

Правете го почесто она што ве одвојува од негативните чувства

Старите Грци сфатиле дека задоволство = релаксација! Поминувајте повеќе време правејќи работи што ве тераат да заборавите на вашите грижи. Дозволете си да бидете слободни, среќни и креативни.


Дијалектика

Тоа е вештината на проучување, усвојување, дискутирање и „пребарување“ на најразновидните идеи, како и пронаоѓање на смислата на животот. Многу е важно да се дружите со луѓе кои психолошки ве задоволуваат. Да разговарате со оние кои немаат исто мислење како вас, за да се активирате психички. Луѓето од различни општествени кругови можат да ви постават нови предизвици и да ве оттргнат од секојдневниот живот.