Брачниот пар Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли ги воспитуваат своите деца поинаку од нивните родители. Познатиот актер, кој има четири деца со Блејк, рече дека се труди да им пружи „што е можно понормален живот“, но и признава дека пораснале во привилегирани услови.
Се трудам да не им ја наметнам разликата меѓу нивното детство и моето и на Блејк – изјави Рејнолдс во интервју за „Холивуд репортер“.
Потоа проговорил за тоа какво детство имале тој и неговата сопруга.
„И двајцата пораснавме во работничка класа и се сеќавам дека кога беа мали си мислев: „Боже, никогаш немаше јас да добијам ваков подарок како дете“ или „Никогаш го немав луксузот да нарачам брза храна кога шетав надвор или нешто слично“, изјавил тој.
Сепак, актерот рекол дека со текот на времето сфатил дека нивните деца не треба да го носат тој товар поради успехот на нивните родители.
„Сфатив дека тоа не е нивна грижа, не е нивен товар. Тие се веќе многу благодарни и доволно го разбираат светот за да имаат силно чувство на емпатија“, објаснил Рајан, а потоа додал:
„Тоа се знаци дека добро ја вршиме задачата како родители, доколку нашите деца можат да сочувствуваат со другите луѓе и деца. Но да, поинаку е. Кога бев дете, само излегував од дома, стискав заби и се враќав до зајдисонце. Не можам ни да го замислам тоа денес“.
Рајан се осврнал и на темата татковство.
„Никогаш не сакам да бидам отсутен татко ниту пак сакам да пропуштам важни моменти. Умирам внатре кога ќе им ги видам лицата откако имале натпревар или спортски настан, а јас го пропуштив тоа“, рекол актерот.
Потсетуваме, Рејнолдс и Лајвли го добија своето прво дете две години откако се венчаа, ќерката Џејмс, која сега има девет години. Актерката во 2016 година роди второ девојче Инез. Третата ќерка, Бети, пристигна во 2019 година, а синот Олин се роди во 2023 година.