Демократската Унија за Интеграција соопшти дека ја почитува одлуката на Стејт Департментот на САД.
„Како партија, остануваме посветени на стратешката соработка со Соединетите Американски Држави и на зајакнување на демократските вредности и транспарентноста“, велат од ДУИ.
Стејт департментот вчера назначи нови 14 лица во црната лица на САД, а меѓу нив се најдоа и поранешниот вицепремиер и висок партиски функционер член на ДУИ, Артан Груби како и судијата Енвер Беџети.