ВМРО-ДПМНЕ: Со одлуката за црната листа на САД, се докажа дека претходната влада е до гуша во корупција

Макфакс

10/12/2024

09:38

431

Големина на фонт

а а а

Власта на СДС и ДУИ, предводена од Артан Груби, се докажа дека е до гуша во корупција, Груби и Беџети на црната листа на САД, реагира ВМРО-ДПМНЕ по одлуката на Стејт Департментот.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека со ова се докажува и дека на ДУИ воопшто не му е грижа за народот, туку и протестите пред Уставен суд се само една драма за да ги скријат своите криминали.

„Овие луѓе се срам за Македонија!“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.


Стејт департментот вчера назначи нови 14 лица во црната лица на САД, а меѓу нив се најдоа и поранешниот вицепремиер и висок партиски функционер член на ДУИ Артан Груби како и судијата Енвер Беџети.

Тие се означени дека биле вклучени во значителна корупција со прифаќање мито за нарушување на судските процеси поврзани со кривичното осудување на Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК, соопшти Стејт Департментот.