Бујар Османи буквално избега од интервју кога среде емисија ја чу веста за Артан Груби на Црна листа на САД. Арбр Адеми остана, со збунет лик. Двајцата, беа на таканаречената од нивната ДУИ – „Стража за јазикот“ пред Уставниот суд.
Според информации од очевидци, двајцата поранешни високопозиционирани сопартијци на Груби повеќе не биле пред Судот
Американскиот Стејт департмент претходно во понеделникот ги стави на црната листа поранешниот вицепремиер Артан Груби и судијата за Апелационен суд, Енвер Беџети. Оваа одлука беше објавена на Меѓународниот ден за борба против корупцијата, ден кој има за цел да ја зголеми свеста за важноста на борбата против корупцијата на глобално ниво, и во пресрет на Денот на човековите права, што ја истакнува важноста на основните права и слободи за сите луѓе.
Оваа вест ја дознаа и министрите Бујар Османи и Арбер Адеми во емисијата на ТВ21, кога беше објавено дека Артан Груби е ставен на црната листа на САД.
Нивната реакција беше јасна, оосбено заминувањето на Бујар Османи, а нивното лице откриваше изненадување.