Не споделувајте ги овие информации со "Chat GPT" по ниедна цена! Тоа може да биде опасно

Точка

08/12/2024

12:18

5.953

Големина на фонт

а а а

Личните податоци што ги споделуваме со "Chat GPT" или "Google Gemini" може да бидат изложени и злоупотребени.

Личните информации што ги споделувате со чат-ботови со вештачка интелигенција може да допрат до други ботови или хакери и може да ја загрозат вашата безбедност.

За да се обезбеди вашата приватност и безбедност, постојат пет клучни типови на податоци што никогаш не треба да ги споделувате.

Финансиски детали

Иако можат да ја подобрат финансиската писменост, ризично е да споделувате детали за вашите финансии со чет-ботови со вештачка интелигенција бидејќи тие можат да паднат во рацете на некој што не ви посакува добро, и да ги злоупотреби за измама, уцена и слично.

Затоа, ограничете ја интеракцијата на општи информации и општи прашања.


Лични и интимни мисли

Многу корисници се обраќаат кон чет-ботови со вештачка интелигенција со своите маки, несвесни за потенцијалните последици за нивната ментална благосостојба.

Овие ботови можат да бидат добри соговорници, но немаат знаење од реалниот свет и можат да понудат само општи одговори на прашањата за менталното здравје. Ова значи дека лековите или третманите што тие ги предлагаат можеби не се соодветни за вашите специфични потреби и може да му наштетат на вашето здравје.

Овде важат и претходно споменатите предупредувања поврзани со заштита на приватноста. Ако некој неовластено и злонамерно ги зафати вашите интимни мисли, тоа може да ви биде голем проблем …

Доверливи информации за работното место

Технолошките гиганти како "Apple", "Samsung" и "Google" веќе им забранија на своите вработени да користат чет-ботови базирани на вештачка интелигенција на работното место бидејќи веќе има случаи на случајно откривање чувствителни информации.

Можете да ги заштитите чувствителните информации и да ја заштитите вашата организација од случајно протекување податоци или прекршување на податоците со тоа што ќе бидете свесни за ризиците поврзани со споделувањето податоци поврзани со работата.


Лозинки

Споделувањето лозинки на интернет е генерално многу, многу лоша идеја. Ова исто така важи и за големите јазични модели на кои почиваат ботови. Ако го правите тоа, се изложувате на големи ризици и потенцијални проблеми.

За да се заштитите, никогаш не споделувајте ги вашите акредитиви за најавување со чет-ботови, дури и ако целта е решавање на проблеми.

Податоци за престој и други лични податоци

Секогаш кога е можно, треба да ги чувате чувствителните информации како домашна адреса, датумот на раѓање и здравствените информации.

Избегнувајте да поставувате прашања што може ненамерно да го откријат вашиот идентитет или лични податоци. Бидете внимателни и воздржете се од споделување на вашите медицински информации.

Бидете свесни за потенцијалните ранливости на вашите податоци кога користите ботови на социјалните платформи како "SnapChat", известува "Make Use Of".