Доаѓа ривал на "Ray-Ban": "Samsung AR" очилата наводно ќе бидат претставени заедно со "Galaxy S25"

Точка

03/12/2024

21:14

1.504

Големина на фонт

а а а

Неодамна дознавме дека "Samsung", "Google" и "Qualcomm" работат заедно на проектот "XR" (Extended Reality). Развојот беше одложен поради различни причини, вклучително и слабата продажба на "Apple Vision Pro", но се чини дека "Samsung" сега е подготвен да ја покаже својата работа.

Според извештајот од сигурни извори, "Samsung" треба да ги претстави своите "AR" очила во јануари, заедно со телефоните "Galaxy S25". Сепак, очилата нема да бидат веднаш достапни за јавноста, а она што ќе го видиме ќе биде прототип, слично на она што "Meta" го направи со очилата "Orion", пишува "PhoneArena".


Откако видоа дека "Apple Vision Pro" не постигна добар успех, "Samsung" и "Google" ги променија своите планови и решија да ги развијат очилата, инспирирани од успехот на паметните очила што ги направи "Meta" во соработка со "Ray-Ban".


Софтверот за очилата треба да биде претставен овој месец

Исто така, софтверот за овие очила треба да биде претставен веќе овој месец. Тоа значи дека можеби ќе дознаеме информации за очилата пред новите "Galaxy" телефони. Доколку "Samsung" ги покаже очилата со новите телефони, тоа би можело да значи дека планираат да ги спојат со "Galaxy" уредите.


Иако сè уште нема многу детали, не е јасно дали овие очила ќе работат независно или ќе бараат надворешен уред. Доколку Samsung успее во развојот, би можел да создаде сериозен конкурент на најдобрите "AR" очила на пазарот.