Ал Келаифи: ПСЖ не е заинтересиран за Салах

Макфакс

03/12/2024

16:07

579

Големина на фонт

а а а

Насер Ал Калифи, претседателот на Пари Сен Жермен, ги демантираше насловите на медиумите кои го поврзуваат Мохамед Салах со преселба на „Паркот на принцовите“.

Главниот француски спортски весник „Лекип“ објави дека парижаните би можеле да ги искористат проблемите во преговорите околу новиот договор меѓу Египќанецот и Ливерпул, но тоа нема да се случи.

„Тоа не е вистина. Тој е фантастичен играч, но никогаш не размислувавме да го ангажираме, да бидам искрен. Знаеме дека секој клуб би сакал да го има, но последните шпекулации не се точни“, изјави Ал Калаифи.

Тоа не значи дека засилувања во зимскиот преоден рок нема да има во „Паркот на принцовите“.

„Ако добиеме шанса, секако дека ќе ја разгледаме“, додаде Ал Калаифи.

Легендарниот египетски крилен напаѓач игра во англиската Премиер лига во последните седум години, досега постигна 224 голови и запиша 100 асистенција на 369 натпревари.

Во тековната сезона се уште е во одлична форма со 13 гола и 11 асистенции на 20 настапи.

Салах три пати беше најдобар стрелец во Премиер лигата, а два пати е добитник на наградата за најдобар африкански фудбалер.

Тој ја освои Лигата на шампионите со Ливерпул во 2019 година, Премиер лигата во 2020 година и уште десет клупски трофеи.

На 101 настап за Египет постигна 58 гола, а „Трансфермаркт“ неговата вредност ја проценува на 55 милиони евра.