Андреј Јакимовски е добро познато име во американската НЦАА лига, но од оваа сезона, македонскиот репрезентативец ги брани боите на Колорадо.
Јакимовски веќе се наметна како еден од лидерите во новиот тим и импресионира со своите настапи во новата средина, па така било и рано утрово во пресметката со Пацифик (75:66).
Андреј повторно бил најдобар поединец во победата на Колорадо со 17 постигнати поени зад своето име, на кои придодал и 4 скокови и 2 асистенции.
Најголем дел од поените Јакимовски постигнал зад линијата за три поени, а четирите тројки му помогнале да достигне специјален јубилеј во НЦАА лигата.
Македонецот ја достигна границата од 200 постигнати тројки во НЦАА лигата, што само покажува дека Андреј веќе се докажа како извонреден „снајперист“ во Америка.
that's 200 career threes for @andrejjaki23 🎯
— Colorado Men's Basketball (@CUBuffsMBB) December 3, 2024
📺 ESPN+ pic.twitter.com/eXtqw3UkCc