[ФОТО/ВИДЕО] Вечерва е блокирано Скопје: Денот на албанското знаме прославен со рафали, свирежи и оро среде улица

Точка

28/11/2024

23:31

2.600

Големина на фонт

а а а

Колони возила попладнево и вечерва го блокираа Скопје со развиорени албански знамиња.

Најмногу се “славеше“ на крстосницата кај Мавровка каде се слушаа и рафални пукотници.

Од возилата кои се движеа полека по скопските улици можеше да се видат граѓани кои излезени од прозорците или качени на покривите виорат албански знамиња.


На одредени улици во Скопје граѓаните беа излезени од автомобилите и играа оро.

Во центарот на градот забележително беше и засилено полициско присуство. Голем број од граѓаните загрижени за својата безбедност и бараат начини како да пристигнат дома.







Денот на албанското знаме денеска беше одбележан и во други градови каде мнозинството граѓани се етнички Албанци.



Спонзорирани линкови

Маркетинг