[ВИДЕО] Путин ѝ се извини на Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња

Макфакс

28/11/2024

18:04

737

Големина на фонт

а а а

Рускиот претседател Владимир Путин ги отфрли тврдењата на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел дека намерно се обидел да ја заплаши со својот лабрадор за време на нивната средба во Сочи во 2007 година.

„Искрено кажано, а веќе и’ кажав на Меркел – не знаев дека се плаши од кучиња. Да знаев, никогаш немаше да го сторам тоа. Напротив, сакав да создадам лежерна, пријателска атмосфера. Дури потоа дознав дека се плаши од кучиња“, истакна Путин одговарајќи на новинарски прашања.

„Сега разговараме, сето тоа ќе биде медиумски, па би сакал уште еднаш да и’ се обратам: Ангела, прости ми, не сакав да те вознемирувам, напротив, сакав да создадам позитивна атмосфера за Се извинувам ако некогаш дојдете повторно – иако разбирам дека тоа е малку веројатно, но сепак – нема да го сторам тоа.

Меркел во своите мемоари нагласи дека Путин намерно го користел својот лабрадор за да ја заплаши и дека знаел за нејзиниот страв од кучиња. Таа опиша како Путин дозволил неговиот црн лабрадор Кони да и пријде за време на фотографирање.

„Се обидов да го игнорирам кучето иако тоа повеќе или се движеше веднаш до мене. Ги толкував изразите на лицето на Путин како да ужива во ситуацијата. Дали ова беше мала демонстрација на моќ? Само се обидов да останам смирена, да се концентрирам на фотографите, не му кажав ниту збор на Путин“, рече Меркел.

Таа истакна дека инцидентот се случил и покрај експлицитните барања на германскиот дипломатски персонал да го чува кучето подалеку. Таа додаде дека Путин покажал свест за нејзината фобија една година порано давајќи ѝ плишано куче во Москва. Стравот на поранешната канцеларка од кучиња произлегол од трауматичен настан на почетокот на 1995 година, кога била касната од куче.



Спонзорирани линкови

Маркетинг