Први снимки од хаосот на аеродромот по евакуацијата поради безбедносниот инцидент: Луѓето избезумено бараат излез

Точка

22/11/2024

13:29

5.160

Големина на фонт

а а а

Лондонскиот аеродром Гетвик денеска беше евакуиран поради потенцијален безбедносен инцидент, при што голем број луѓе се упатија кон излезите, што доведе до огромна метеж и турканици.

На мрежите се појавија видеа на кои луѓето напорно бараат пат до излезот од аеродромот, а се гледа дека се работи за голем број патници.

„Аеродромот Гетвик ќе биде затворен до понатамошно известување. Полицијата и итните служби се на терен и се справуваат со инцидентот на аеродромот“, соопштено е.

Патниците објавија на мрежите и известија дека им било кажано дека сите „летови се откажани“.

Јужниот терминал е евакуиран, а од аеродромот апелираат дека безбедноста на сите патници е најважна во моментов.

„Безбедноста на патниците и персоналот е наш најголем приоритет. Работиме напорно за да го решиме проблемот“, соопшти управата на аеродромот.

Да потсетиме, амбасадата на САД во Лондон денеска беше итно затворена поради безбедносна закана. Како што јавуваат светските медиуми, пред зградата на амбасадата биле забележани вооружени полицајци и припадници на противпожарната служба, а се слушнал силен удар сличен на експлозија.

Во соопштението на полицијата се вели дека се „свесни за шпекулациите на интернет за инцидент во близина на американската амбасада“.

На тој простор превентивно се поставени кордони додека полициските службеници го истражуваат сомнителниот пакет. Информации ќе дадеме во наредниот период“, велат оттаму.




Спонзорирани линкови

Маркетинг