Петрушевски: Димитар Апасиев се активира кога СДС нема аргументи и се во паника

Макфакс

21/11/2024

18:13

299

Големина на фонт

а а а

Насилството е работа која Левица ја посакува во недостаток на нормална дискусија и аргументи. И народот и пратениците не треба да наседнуваат на тоа, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски откако за влакно беше избегната тепачка во Собранието, помеѓу пратеникот од Левица, Димитар Апасиев и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоранчо Јованчев.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека се работи за договор меѓу Левица, СДСМ и ДУИ, за да се одвлекува вниманието од суштински работи и аргументирана дискусија.

„Ова е план на Левица со СДС и ДУИ за провоцирање во недостаток на аргументи за да можат да спинуваат. Такви беа првите пратенички прашања така и сега. Не смее да се паѓа на провокации кои се единствена алатка на ограничени и нецивилизирани умови. Насилството и провокациите се единствениот начин на опозициските партии да свртат внимание кон себе. ВМРО ДПМНЕ со жалење и разочарување гледа на денешниот инцидент осудувајќи ги намерите на поедини пратеници од опозицијата да предизвикаат инцидент“, рече Петрушевски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг