Бранко Огњановски, меѓу народот попознат како Миле Паника, на своите профили на социјалните мрежи Инстаграм и Фејсбук објави дека К-15 се враќа.
Легендарната хумористична емисија, која забавуваше и смееше многу Македонци, сочинета од Бранко Огњановски (Миле Паника) Бубо Каров (Цацко) и Васко Тодоров (Тошо Малерот) наскоро ќе се врати на малите екрани.
По повод 30 години од првата епизода, оваа информација денеска на Инстаграм и на Фејсбук ја сподели Бранко Огњановски.
„Официјално: „К-15“ се враќа! Следете нè за повеќе инфо наскоро“, стои во објавата на популарниот Миле Паника.
Сепак, повеќе информации на оваа тема не се објавени.
ОФИЦИЈАЛНО: K-15 се враќа! Следете нè за повеќе инфо наскоро. 🎭
Posted by K-15 :) on Wednesday 20 November 2024