[ВИДЕО] Погледнете како "Hyundai" склопува рели автомобил од нула

Точка

06/11/2024

20:21

3.394

Големина на фонт

а а а

"Hyundai Motorsport" објави 13-минутно видео на својот канал на "YouTube" во кое се прикажани 40-те фази на склопување на рели автомобилот "i20 N". Видеото го прикажува секој чекор од процесот, од инсталирање на диференцијалот до амортизерите.

Но, не се работи само за механичките делови туку и за поставување на седишта, безбедносни појаси, противпожарни апарати, па дури и за резервното тркало. Механичарите на "Hyundai" го прават секој рели автомобил рачно, што и се гледа на ова видео, а на крајот носи и резултат.

Токму во овој автомобил "Hyundai i20 N Rally2", Хајден Падон освои две последователни титули во Европскиот шампионат во рели (ERC). Истиот автомобил го користат и други тимови ширум светот на трки, а можe и да се купи.

Го придвижува 1,6-литарски турбомотор, чија сила се пренесува на сите четири тркала преку петстепен секвенцијален менувач.



Спонзорирани линкови

Маркетинг