Лук Патрик од Холандија е искусен соло патник кој на своите следбеници на социјалните мрежи им покажува видеа од неговите патувања во Европа и споделува совети и идеи за патување во европските градови.
Во една неодамнешна објава, тој ги споделил своите искуства од аеродромите во Европа и составил листа на најлошите, а на листата се најдоа и аеродроми во Црна Гора и Босна и Херцеговина.
„Аеродром Модлин“, Варшава, Полска
Лук во видеото објаснува дека овој аеродром е многу далеку од центарот на Варшава. Тој опиша како слетал во 22:50 часот и имал само 25 минути да стигне до последниот „flixbus“. Лук го опишал искуството на тој аеродром како „грозно“.
Аеродром „Подгорица“, Црна Гора
На неговата најлоша листа се нашол и аеродромот во Црна Гора. Тој раскажува дека ноќе пешачел 30 минути од аеродромот до железничката станица покрај автопатот. „Не беше безбедно“, заклучил тој.
Аеродром „Стокхолм Скавста“, Шведска
На врвот на црната листа е Скавста, аеродром во Стокхолм за кој зборувал дека можеби е најлошиот аеродром поради неговата оддалеченост од главниот град, и покрај тоа што никогаш не бил преполн. „Фактот што се вика Стокхолм и е оддалечен 103 километри е доволен за да го ставам на оваа листа“, објаснува тој.
Аеродром „Ајндховен“, Холандија
Иако мисли дека аеродромот во Ајндховен е подобар од другите на листата, тој се пожалил на постојаната гужва и скапата храна. „После 5.000 летови од овој аеродром, навистина ми е преку глава. Секогаш е премногу гужва“, се пожалил тој.
Аеродром „Бања Лука“, Босна и Херцеговина
Уште еден аеродром од поранешна Југославија се најде на неговата најлоша листа. Аеродромот во Бања Лука се најде на листата поради, како што вели, „лошата локација и непријатностите“ кои дополнително ја влошиле ситуацијата. „Не можев ниту вода да купам откако поминав низ обезбедувањето. Се чини дека упорно се обидуваат да ви го отежнат животот“, напишал тој.
Многумина се согласиле со него
На крајот од објавата, Лук им се извини на следбениците што се жалел, а потоа заклучил: „Ќе продолжам да патувам со воз, поудобно е отколку да летам!“
Неговите искуства предизвикале бројни реакции, а многумина се согласиле со неговото мислење.
„Аеродромот во Подгорица секако е во топ 5 најлоши“, „Јас сум од Бања Лука, целосно се согласувам со вас“ и „Аеродромот Модлин е целосна катастрофа“, коментирале тие.