[ВИДЕО] Несоодветната шега ја разбесни Карди Би: Службите за социјална помош и полицијата влетаа во нејзиниот дом

Точка

22/10/2024

19:03

685

Големина на фонт

а а а

Познатата раперка Карди Би повторно е во центарот на вниманието, но овој пат не се работи за нов хит или проблеми со нејзиниот поранешен сопруг, туку за крајно непримерна шега која многу ја налути. Имено, непознато лице пријавило дека нејзините деца се во животна опасност, поради што доцна во ноќта на вратата од нејзината луксузна вила пристигнале вработени од центарот за социјални работи и полицијата.


Карди Би не го криеше бесот

Карди, која во тоа време беше во болница поради здравствени проблеми, не ги „штедеше“ зборови на Инстаграм лајвот каде го изрази својот гнев. „Сакам ова да биде кристално јасно – едвај дишам во моментов, но морам да кажам дека ова ги надмина сите граници. Кога некој ќе се поигра со моите деца, тоа веќе не е шега“, рече таа.

Непознато лице се јавило во службата за социјалната помош и ја обвинило за малтретирање на децата, то предизвикало итна интервенција на надлежните органи.

„Да ми прати некој социјално и полиција во 11 навечер, додека моите деца спијат, затоа што некој се јавил анонимно и рекол дека ги малтретираат … Дали сте вие нормални? шокирано праша Карди Б.

Ова не беше само непријатен инцидент, туку и емотивен удар за Карди Б, која призна дека неколку дена се бори со болеста и од саботата е во болница. „Шегите отидоа предалеку. Вие глупави луѓе мислите дека ова е смешно? Не е. Ова ме потресе“, додала таа.

„Некој се игра со моето семејство, ова нема да помине неказнето“

Раперката исто така нагласи дека таа и нејзиното семејство се единствените Афроамериканци во соседството, што ја направи ситуацијата уште почувствителна. „Нема ова само така да го оставам. Ќе го тужам Центарот за социјални работи затоа што дошле врз база на лажен повик, а планирам да го тужам и тој којшто што се јавил“, одлучно порача Карди.


Карди Б вети дека ќе го ангажира најдобриот приватен истражител за да открие кој стои зад ова. „Кога ќе дознаам кој си, нема да се забавуваш“, продолжи таа, навестувајќи дека и нејзиниот поранешен сопруг, раперот Офсет, исто така ќе бара правда. „Ако си маж, мојот поранешен ќе те претепа. Ако си жена, јас и сестра ми Хенеси ќе се справиме со тоа“, изјави таа.

Откри колку пари троши на своите деца

Во текот на целото видео, Карди Б потенцираше како таа и нејзиниот поранешен сопруг многу добро се грижат за своите деца и напомена дека троши големи суми на пари за нивното образование и грижа. „Школарината на ќерка ми е 45.000 долари годишно, а дадилката чини 700 долари дневно. Повеќе трошам на децата отколку на себе“, гордо изјави таа.


Оваа незавидна ситуација сигурно ќе има правни последици бидејќи Карди Б не планира само така да се откаже. Некој сериозно си поигра со моето семејство, и тоа нема да остане неказнето“, порача Карди.



Спонзорирани линкови

Маркетинг