Синот на Џек Николсон воодушеви во хорор филмот „Smile 2“: Обожавателите велат: „Ист е како татко му“

Точка

22/10/2024

17:23

743

Големина на фонт

а а а

Обожавателите го пофалија актерот Реј Николсон за неговата извонредна изведба во новиот хорор филм „Smile 2“, при што многумина ја забележаа неговата неверојатна сличност со татко му, легендарниот Џек Николсон. Додека едни се ентузијасти за филмот и улогата на Реј, други на социјалните мрежи го критикуваат изборот на актерите и го сметаат за класичен пример на непотизам.


„Реј Николсон е најдобриот избор“

Сепак, Твитер е полн со пофалби за неговата изведба. „Непотизмот ретко е добра работа, но Реј Николсон во „Smile 2“ е најдобриот избор на сите времиња. Ова е едноставно неверојатно“, гласи еден коментар, додека другите корисници тврдат дека маркетинг тимот на филмот намерно „играл“ на неговата сличност со неговиот татко му и неговата култна улога во филмот „The Shining“.

„Кога го видов постерот, искрено се збунив и мислев дека во промоцијата го користеле Џек Николсон од „The Shining“. Не знаев дека тоа е неговиот син. Неверојатно личат еден со друг“, „Изведбата на Реј Николсон во овој филм е една од најдобрите изведби на годината, без сомнение. Не се појавува многу во филмот, но доволно за да го покаже талентот, тој е буквално ист како татко му“, беа само дел од коментарите на Твитер.


„Помина низ аудицијата за оваа улога“

Режисерот на „Smile 2“, Паркер Фин откри дека го ангажирал актерот како знак на почит кон неговиот „омилен филм на сите времиња“, „The Shining“ на Стенли Кјубрик.


Во интервју за „Entertainment Weekly“, тој изјави: „Реј ја помина аудицијата за таа улога. Аудицијата беше толку силна. Се разбира, Џек Николсон е еден од моите омилени актери на сите времиња. Многу сакам што Реј има многу изразени негови гени, а кога ја видов неговата насмевка, веднаш помислив: „Боже мој, тоа е како да го гледаш младиот Џек“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг