На жена во Австралија ѝ паднал мобилниот телефон: Се обидела да го дофати, паднала во провалија и така висела седум часа

Точка

22/10/2024

17:45

687

Големина на фонт

а а а

Спасувачите биле крајно загрижени од фактот што жената поминала толку време висејќи наопаку и се плашеле дека тоа ќе и изврши притисок врз нејзините екстремитети. На крајот поминала само со неколку гребнатинки и модринки.

Жена паднала во провалија и се заглавила меѓу две карпи додека се обидувала да си го извади телефонот, кој и паднал додека се шетала со пријателите во долината Хантер во Австралија, јавува "CNN". Несреќната жена 7 часа висела наопаку во провалија, заглавена меѓу две карпи, додека итната помош и пожарникарите не успеале да ја извлечат.

Фотографиите објавени од Службата за брза помош во Нов Јужен Велс (НСВ) ги покажуваат само голите стапала на жената кои излегуваат од провалијата. Жената се шетала со пријателите на приватен имот во Лагуна во долината Хантер, на околу 120 километри од Сиднеј, кога и испаднал мобилниот телефон.


Додека се обидувала да дојде до телефонот, се лизнала и паднала во празнина меѓу две карпи длабоки три метри, а пријателите биле немоќни и воопшто не можеле да ја допрат. Името на жената не е официјално објавено од службите за итни случаи, но полицијата на Нов Јужен Велс (НСВ) соопшти дека станува збор за 23-годишна жена.

Во овој дел нема телефонски сигнал па нејзините пријатели биле принудени да ја остават несреќната жена сама во клисурата додека со сигнал отишле во област да повикаат помош. Кога службите за итна помош и спасувачите пристигнале на терен, наишле на вистински предизвик. Провалијата во која паднала жената се наоѓа на крајно непристапен терен до кој не може да се пристапи со специјални возила или машини.


Спасувачите набрзо сфатиле дека единствениот начин да ја извлечат жената е да го задржат телото во вертикална положба, истата онаа во која паднала во провалија.

Следните седум часа полицијата, ЕМС, пожарникари и доброволци работеле на нејзиното ослободување. Спасувачите ја советувале да остане мирна – биле загрижени дека ако се помрдне, може да се лизне уште подлабоко во процепот.


Спасувачите морале да отстранат дури шест големи карпи за да се приближат доволно за да стигнат до нозете на жената.

„Од почеток до крај беше толку мирна и прибрана. Бев многу импресиониран. Јас би бил во паника. Воопшто не беше вознемирена“, изјави шефот на локалната служба за итни случаи Питер Вотс.

Спасувачите биле крајно загрижени поради фактот што жената поминала толку време висејќи наопаку и се плашеле дека тоа ќе и изврши притисок врз нејзините екстремитети.


Последната преостаната карпа што морале да ја поместат за да дојдат до жената тежела 500 килограми.

„Кога ја извлековме, беше многу уморна и имаше вртоглавица. Целата крв ѝ отиде во главата, немаше сила во нозете, па не можеше ниту да стои, ниту да оди“, изјавил Вотс. Жената била пренесена во болница каде ќе остане извесно време под опсервација, а за среќа минала само со неколку модринки и гребаници. И додека ја извлекувале од бездната, таму останал нејзиниот мобилен телефон.




Спонзорирани линкови

Маркетинг