„Очигледно и на бугарската политика не им недостасува демагогија“: Георгиевски со реакција на бугарската министерка за Коридорот 8

Макфакс

22/10/2024

12:31

2.045

Големина на фонт

а а а

Преку статус на социјалните мрежи, поранешниот премиер Љубчо Георгиевски реагираше за изјавата на бугарската министерка за транспорт, Красимира Стојанова дека дека тунелот од бугарска страна на Коридорот бр. 8 ќе биде целосно завршен најдоцна до 2030 година.

„Ја слушам министерката за транспорт на Бугарија. Нивните 2.7 километри од пругата за Коридорот 8, ќе ги доправеле “најдоцна до 2030”!?! Инаку сега сме 2024. Очигледно и на бугарската политика не им недостасува демагогија“, напиша Георгиевски.

Ја слушам министерката за транспорт на Бугарија.

 Нивните 2.7 километри од пругата за Коридорот 8,ќе ги доправеле "...

Posted by Ljubco Georgievski on Sunday, October 20, 2024



Спонзорирани линкови

Маркетинг