Фризури за сите генерации: Во 20-тите кратката коса е вистинскиот избор, а во 50-тите ќе изгледате помладо ако ја стилизирате вака

Точка

06/10/2024

19:19

629

Големина на фонт

а а а

Ви ги носиме најдобрите фризури за сите генерации кои ќе направат да изгледате убаво и младолико.

Фризурата што ја носите влијае на целокупниот изглед на многу луѓе, а начинот на кој ја обликуваме косата може да направи да изгледаме помлади или постари. Многу фризери истакнуваат дека изборот на фризура треба да зависи и од нашата возраст.

Дваесеттите

Може да се каже дека дваесеттите се најдобри години за испробување на нови стилови бидејќи во тие години косата е генерално најзачувана, а со тоа и идеална за експериментирање и испробување на нови фризури. Кратките фризури се одличен избор бидејќи го истакнуваат младото лице, а одлични се и за голема промена, додека напротив, можете да ја распуштите косата и да се забавувате со нејзината текстура и боја (неколку прамени во живи бои се одличен избор за разубавување на вашата коса!).


Триесеттите

Со триесеттите полека доаѓа посериозен став и вкус, па на оваа возраст најдобро е да се фокусирате на поелегантни фризури без драстични промени. Лесните прамени совршено ќе ја камуфлираат седата коса, а страничните шишки ќе го освежат и комплетираат вашиот изглед. Предлагаме и меки кадрици кои веднаш додаваат женствен шмек на изгледот, а кои не одземаат премногу време (што го немаме).


Четириесеттите

Најважен ви е изборот на производи кои ќе ги користите за одржување на косата. Со оглед на тоа што косата обично станува сува поради фенирањето и честото обликување со виткачи и пегли, најважно е да се инвестира во спрејови или серуми за дополнителен сјај и мекост на косата. Со сјајна коса нема да ви се забележат годините!

Боб, лоб и долги шишки кои лежерно паѓаат на страна се фризурите на кои треба да обрнете најмногу внимание, додека високата пунџа е уште една фризура која е идеална за секој ден, работа или ноќно излегување.


Педесеттите

Во педесеттите, косата е забележливо сива, па посветлите нијанси на бои се најдобро решение за тоа. Пепелавиот сјај ќе му даде посебна нота и димензија, но треба да се погрижите разликата помеѓу нијансата на косата и кожата да не е преголема.




Спонзорирани линкови

Маркетинг