[ФОТО] Доли Партон донира милион долари за жртвите од поплавите кои однесоа 225 животи

Точка

06/10/2024

19:40

1.896

Големина на фонт

а а а

Доли Партон ќе донира 1 милион долари за да им помогне на американските држави да се опорават од ураганот Хелен.

Музичката икона Доли Партон најави дека ќе донира еден милион долари (повеќе од 910.000 евра) за да помогне во опоравувањето од катастрофалната штета по ураганот Хелен.

Би-Би-Си известува дека, говорејќи на настан во нејзината родна држава Тенеси, 78-годишната пејачка рекла дека парите ќе стигнат „од нејзината банкарска сметка“.


Нејзините локални комерцијални проекти, како што е забавниот парк Доливуд, исто така ќе донираат иста сума на фондацијата „Маунтински патишта“, која им помага на настраданите од поплавите во регионот.


За време на нејзиното обраќање, Партон накратко ја отпеа „Helen, Helen“, на мелодијата на нејзиниот хит Џолин од 1973 година.

Ураганот што го погоди југоисточниот дел на САД на крајот на септември однесе најмалку 225 животи.

Хелен е најсмртоносната бура што паѓа на копно од ураганот Катрина во 2005 година.


Навраќајќи се на копно како ураган од четврта категорија, Хелена ја оштети инфраструктурата, предизвика поројни поплави и ја прекина струјата во милиони домови.

Американската влада рече дека штетата и расчистувањето може да траат со години.


Најголем број жртви се регистрирани во Северна Каролина, други жртви има и во Флорида, Џорџија, Јужна Каролина, Тенеси и Вирџинија.

„Ова е мојот дом“, рече Партон на прес-конференцијата во петокот, која се одржа пред продавницата на Волмарт во Њупорт, Тенеси.

„Господ беше добар со мене, а исто така и јавноста, и чувствувам дека ако можам да направам нешто, да вратам на кој било начин, секогаш сум подготвена да го сторам тоа. Сакам да се чувствувам како да сум го направила мојот дел“.

Објаснувајќи дека многу нејзини роднини живеат во областа, пејачката рече: „Бев со скршено срце како и сите други, и едноставно уништена поради тоа“.

„Сите овие луѓе ги чувствувам како мои“, додаде таа.


Според последните официјални податоци, потврдено е дека во невремето во Тенеси загинале 11 лица, додека повеќе се водат како исчезнати.

Поплавата однесе најмалку двајца работници во фабрика во Ервин, на североистокот на државата.

На прашањето каква е нејзината порака до жртвите, Партон одговори: „Знам дека ни е лесно да кажеме: „Работите ќе се подобрат“ кога работите се уште се лоши.


„Се што можеме да кажеме е дека сме со вас, ве сакаме, се надеваме дека работите ќе се подобрат наскоро - и ќе дадеме се од себе да се обидеме да го оствариме тоа.

Во исто време со прес-конференцијата, Walmart објави дека ја зголемува финансиската помош за закрепнување од ураганот на 10 милиони долари (повеќе од 9,1 милиони евра).

„Ова не се само места каде што имаме продавници. Тоа се заедниците во кои работиме и живееме“, изјави извршниот директор на синџирот супермаркети, Џон Фурнер.


Тој, исто така, ја опиша Партон како „вистинска американска легенда - не само поради нејзината музика, нејзината уметност, нејзината работа, туку и поради нејзиното срце“.

Кантри пејачката претходно даваше големи донации како одговор на настани кои го променија животот.

Во 2016 година, нејзината добротворна организација вети дека ќе дава 1.000 долари месечно на семејствата погодени од шумските пожари во Тенеси.

А во 2020 година одвои еден милион долари за развој на една од вакцините против ковид-19.