Руски дронови и ракети во бранови погодуваа мети: Жесток напад на истокот на Украина, на удар е и Киев - Тревогата траела дури пет часа

Точка

06/10/2024

16:40

3.679

Големина на фонт

а а а

Русија изведе серија напади врз источна Украина во текот на изминатото деноноќие, поради што беше тревога за воздушен напад повеќе од пет часа, соопшти украинската војска. Москва, исто така, започна неколку бранови напади врз Киев.

– Во текот на ноќта непријателот повторно ги употреби своите беспилотни летала против Киев, напиша шефот на киевската воена управа Сергеј Попко во апликацијата за пораки „Телеграм“.


– Руски беспилотни летаа во неколку бранови и од различни правци полетаа кон главниот град на Украина.


Сите летала се уништени, а според првичните информации нема извештаи за штети или повредени, изјави Попко. Деталите за размерите на нападот ќе бидат објавени подоцна, рече тој.


Воздушната тревога за главниот град и регионот беше објавена три пати во текот на ноќта и траеше повеќе од пет часа, рече Попко.

Градоначалникот на Одеса, Хенадиј Труханов, на Телеграм објави дека Русија го гранатирала градот во текот на ноќта и дека биле пријавени неколку експлозии.

Нема информации за штети или повредени.


Гувернерот на областа Керсон, Олександр Прокудин, во неделата на Телеграм напиша дека во последните 24 часа во руските напади врз регионот загинал еден цивил, а 15 се повредени.