[ФОТО/ВИДЕО] Уапсена Грета Тунберг: Полицијата ја носи, набљудувачите викаат, а таа не се движи!

Точка

06/10/2024

09:00

4.433

Големина на фонт

а а а

Грета Тунберг беше уапсена на демонстрациите

Еколошката активистка Грета Тунберг (21) беше меѓу десетиците демонстранти кои беа уапсени вчера поради блокирање на пат во Брисел, на демонстрациите против субвенциите за фосилни горива.

Новинарка на АФП ја видела Тунберг, која претходно била приведена поради граѓанска непослушност на протестите во различни земји, кога полицијата ја одвела откако одбила да ги напушти блокадите, пренесува РСЕ. Таа смирено го сфати сето тоа и не се спротивстави.


Грета беше дел од помалата група демонстранти кои се отцепија од маршот организиран од движењето Обединети за климатска правда. Демонстрантите беа опколени од полицијата, а неколкумина беа уапсени, додека присутните скандираа „не сте сами“ додека беа приведени.

На состанокот, Европската унија беше повикана да ги прекине субвенциите за фосилни горива, со цел да ја постигне својата амбициозна цел континентот да го направи јаглеродно-неутрален до 2050 година.


„Ова нема да се случи без итен прекин на субвенциите за фосилните горива“, напишаа климатските активисти, научници и економисти во отвореното писмо до лидерите на ЕУ.