Еве колку чини производството на најмоќниот модел на "iPhone 16"

Точка

05/10/2024

10:31

6.289

Големина на фонт

а а а

Компанијата за истражување на пазарот "TD Cowen" ги откри вкупните трошоци за производство на "iPhone 16 Pro Max|.

Трошоците за производство на моделот "iPhone 16 Pro Max" од 256 GB вклучуваат компоненти, склопување на производот и пакување.

Во својата анализа, "TD Cowen" истакнува дека вкупните трошоци за производство на моделот "iPhone 16 Pro Max" со 256 GB е само 485 долари, што е речиси една третина од неговата продажна цена.

За споредба, производството на "iPhone 15 Pro Max" чини 453 долари, што е 32 долари (или 7%) помалку од "iPhone 16 Pro Max".

Извештајот покажува дека камерите и дисплејот се најскапите компоненти на телефонот. Само системот на задната камера сочинува 16% од вкупните трошоци за производство на телефонот.

Интересно е што помоќниот "A18 Pro" чип, кој се користи во најмоќниот "iPhone оваа година", чини само пет долари повеќе од "A17 Pro" што се користеше во претходниот "iPhone".


Меморијата и складирањето се исто така поскапи за по пет долари. Од друга страна, подобрената батерија чини исто: 15 долари.

"Apple" го продава "iPhone 16 Pro Max" за 1.199 долари (модел од 256 GB). Тоа би значело дека сите други аспекти (истражување и развој, маркетинг, дистрибуција на софтвер...) чинат 714 долари.