Првата претседателка на Мексико, на својата инаугурација носеше моќен фустан со најубав детаљ кој зборува 1000 јазици и му испрати силна порака на целиот народ

Точка

03/10/2024

17:47

11.279

Големина на фонт

а а а

Клаудија Шејнбаум Пардо, на први октомври официјално стана првата жена претседател на Мексико. Во вторник, во Мексико Сити се одржа нејзината инаугурација со присуство на претставници од дури 106 земји, вклучувајќи 16 лидери, а Клаудија се одлучи преку облеката да ѝ одаде чест на својата татковина – земјата која ќе ја предводи во текот на следните шест години.

Новата мексиканска претседателка заблеска во модерен фустан збогатен со детали кои асоцираат на Мексико, а тамошната јавност овој моден избор го пречека со воодушевување. И покрај тоа што нејзината модна комбинација беше едноставна, таа испрати силна порака.


Клаудија се одлучи за бел фустан со миди должина, долги ракави и кружен облик на крагната, а креацијата беше украсена со убави, живописни ракави.


Долниот дел од фустанот, како и рабовите на ракавите беа обогатени со традиционален, мексикански вез, со повеќе од 100 цветови во различни бои. Везот е дело на занаетчиката Клаудија Васкез Акино.


„Бараа од мене да го украсам фустанот, ми дадоа насоки со помош на кои го одредив везот и дизајнот на цвеќето, но не знаев дека креацијата е за неа“, изјави Васкез за „El Pais“.

Вклучувајќи го традиционалниот мексикански вез како главен детаљ, Шејнбаум ја покажа својата суштинска посветеност кон автохтоната култура на земјата. Од друга страна, белата боја на фустанот имаше повеќе повеќекратно значење, бидејќи се смета за симбол на чистота во минатото, мир во сегашноста и надеж во иднината.


Клаудија својата модна комбинација ја комплетираше со салонки во беж боја, со дебели потпетици и дискретни, бисерни обетки, а косата ѝ беше собрана во пунџа.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk