[ВИДЕО/ФОТО] Актерката која важи за модна икона пристигнала во Париз во издание за паметење: Шик и екстравагантно, а сепак толку сензуално и женствено

Кармин

02/10/2024

15:08

11.102

Големина на фонт

а а а

Дали Модната недела во Париз може да биде комплетна без Зендаја во првиот ред? Секако дека не! Познатата актерка пристигнала на ревијата на „Louis Vuitton“ за пролет/лето 2025 година, што беше и очекувано со оглед на тоа што таа е заштитно лице на брендот.

И, како и обично, Зендаја го оправда својот статус на модна икона, појавувајќи се во смело и необично издание. Ретро-шик изгледот на Зендаја вклучувал предимензионирано сако со четвртест крој и нагласени ревери, како и шпицести раменици.


Структурираното сако било во контраст со набраното беж мини здолниште, неочекуван спој кој, на некој начин, совршено функционирал.

Секако, нејзините впечатливи и елегантни аксесоари придонеле за целокупниот изглед. Зендаја носела црна кожна чанта со потпис на брендот, а стајлингот го комплетирала со мрежести чорапи и препознатливите салонки со вртоглаво високи потпетици.


Посебна доза на гламур додал и црвениот кармин и елегантната фризура. Нема сомнеж дека Зендаја уште еднаш оправда и потврди зошто важи за модна икона, која е секогаш посебна, впечатлива и своја.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk