[ФОТО] Сите ја паметат како девојчето со продорни очи, а сега порасна во уште поголема убавица: Како дете се занимаваше со манекенство, денес чекори во филмската индустрија

Кармин

30/09/2024

11:50

6.031

Големина на фонт

а а а

Веројатно се сеќавате на неа како девојчето со продорни очи, а „малечката“ Ланеја Грејс сега има 20 години и полека го пробива патот до славата во филмската индустрија.

Уште како мало девојче ја гледавме на малите екрани, а наскоро ќе се појави во акциониот филм „72 Hours“, како и во новата сезона на популарната американска серија „The Bold and the Beautiful“.

Ланеја во 2013 година се појави во спотот на популарната песна на Авичи „Wake me up“, а оттогаш стекна огромна популарност на социјалните мрежи. Само на Инстаграм ја следат околу 300 илјади луѓе.

Кога имала само 3 години, нејзините родители ги испратиле нејзините фотографии во модна агенција која решила да потпише договор веднаш штом ја виделе, што било вовед во нејзиниот влез во светот на манекенството. Снимајќи реклама по реклама, Ланеја уште како дете изгради одлична кариера, а своевремено беше прогласена за најубаво девојче на светот.


Покрај актерството и манекенството, Грејс во една прилика истакна дека ужива да се занимава со спорт, а меѓу омилените ѝ се возењето скејтборд, боксот и други боречки вештини.

Иако Грејс е родена Американка од Сан Франциско, нејзиното лице е комбинација од шпански и филипински гени, што веројатно е причината за нејзината безвременска убавина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk