Поранешната сопруга на Французинот кој донесе 50 мажи да ја силуваат: Немаат ли мозок?

Макфакс

19/09/2024

08:22

4.225

Големина на фонт

а а а

Поранешната сопруга на Французин обвинет дека регрутирал непознати мажи за да ја силуваат додека била дрогирана, изјави пред судот дека никогаш не се согласила на такво нешто и ги нарече дегенерици мажите кои ја силувале.

Жизел Пелико (72) на судењето на нејзиниот поранешен сопруг Доминик (71) и на педесет други мажи кои ги поканил да ја силуваат изјави: „Никогаш, ниту за момент, не сум дала согласност на мојот поранешен сопруг или на оние други мажи“, рече таа.


Доминик Пелико призна дека ја дрогирал својата тогашна сопруга со седативи и средства за смирување, а потоа повикал десетици непознати мажи, кои ги регрутирал преку Интернет, да ја силуваат во периодот од 2011 до 2020 година, пишува Гардијан.

Пелико наводно регрутирал 50 мажи на возраст меѓу 26 и 74 години, вклучително и пожарникари и новинари. Тој рече дека знаеле дека ги кани да ја силуваат неговата тогашна сопруга. Некои од обвинетите признале дека Пелико им рекол дека ја дрогира жената, додека други тврделе дека тогаш верувале дека парот претходно се договорил за сè.


Жизел Пелико рече дека се чувствувала понижена за време на вкрстено испрашување од адвокатите на одбраната, кои тврделе дека мажите можеби погрешно ја процениле ситуацијата или мислеле дека е пијана или се преправала дека спие и учествува во договорена игра.

„Во оваа судница се чувствувам понижено. Ме нарекоа алкохоличар и учесник во се“, рече таа и додаде дека десет години и бил уништен животот. „Во состојбата во која бев не можев да реагирам. Бев во коматозна состојба. Видеата го покажуваат тоа“.

„Овие мажи се дегенерици. Тие извршија силување… Кога ќе видат жена како спие во кревет, никој не се чуди? Немаат ли мозоци?“ праша таа.

И покрај годините необјаснети пропусти во меморијата и гинеколошките проблеми, Жизел Пелико рече дека не знаела за силувањето додека полицијата не пронашла фотографии на компјутерот на нејзиниот сопруг и не ја известила.



Спонзорирани линкови

Маркетинг