Исфрлете ја оваа храна од исхраната и брзо ќе забележите неверојатна промена на вашето тело

Точка

18/09/2024

15:32

3.089

Големина на фонт

а а а

Можеби сте поминале години обидувајќи се на многу различни начини да ослабнете или да водите поздрав начин на живот.

Можеби сте се приклучиле на програми за слабеење, сте пробале различни диети или сте се натерале да одите во теретана. Сепак, и понатаму не сте биле задоволни од вашата тежина, но и од брзината на слабеење.

Еден од виновниците за тоа е веројатно честото консумирање на ултра преработена храна која содржи високо ниво на хемиски, синтетички или индустриски состојки. Тие, исто така, најверојатно биле подложени на индустриски процеси како што се хидрогенизација и обликување, и содржат адитиви како што се бои, стабилизатори, засилувачи на вкус или емулгатори.


Многу често имаат и високо ниво на нездрави масти, шеќер и сол.

Движечката сила зад создавањето на оваа храна е профитната маржа на големите, мултинационални производители на храна, а не здравјето и исхраната на нормалните луѓе. Тие се дизајнирани да имаат долг век на траење, да бидат погодни, екстра вкусни и, се разбира, многу достапни.

Ултра преработената храна е насекаде, но најчестите примери се: купечки житарки и гранола, јогурти со вкус, чоколадо и бисквити, чипс, енергетски и гранола барови, газирани пијалоци, сладолед, готови оброци, вклучувајќи и пица.



Спонзорирани линкови

Маркетинг