До Земјата денес се приближуваат три астероиди: Еден е со големина на стадион, познато дали ја загрозува нашата планета

Точка

17/09/2024

21:03

1.705

Големина на фонт

а а а

Три астероиди денеска ќе се приближат до Земјата, а астероидот "ON" ќе помине покрај нашата планета на растојание од еден милион километри, што е околу 2,6 пати повеќе од растојанието од Месечината, објави НАСА.

Астероидот "ON" е со големина на стадион со дијаметар од околу 290 метри, а два астероиди со големина на куќа се очекува да поминат покрај Земјата денеска на растојание од 1,8 милиони километри, односно 5,8 милиони километри, пишува "Swisherpost".


Во среда, астероид долг 155 метри ќе помине на оддалеченост од 3,25 милиони километри од Земјата, а друг, со големина на куќа, ќе се приближи на 6,36 милиони километри.


Иако овие објекти се класифицирани како „потенцијално опасни“ поради нивната големина и близина, ниту еден не е на пат на судир со Земјата.


И покрај нивната големина и брзина, НАСА увери дека ниту еден од овие астероиди што се приближуваат не се очекува да удри на Земјата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг