[ФОТО] Актерката во фасцинантен фустан од 22.000 долари му одржа лекција на цел Холивуд: Заводливо и со вкус, а сепак поинаку од сè друго

Точка

17/09/2024

16:39

2.421

Големина на фонт

а а а

Деми Мур изгледа феноменално, за неа времето како одамна да застанало! Колку поседува младешки изглед, актерката повторно покажа на премиерата на нејзиниот нов филм „The Substance“ во Лос Анџелес, воодушевувајќи ги модните критичари со едно многу интересно издание.

Деми Мур заблеска на црвениот тепих во моќна, впечатлива креација од колекцијата на „Oscar de la Renta“, а нејзината цена изнесува неверојатни 21.900 долари.


Но, секој цент се исплател бидејќи 61-годишната актерка изгледала спектакуларно во овој фустан, како да е направен за неа!

Станува збор за долга тоалета која ги открива рамената и има длабоко, но сепак пристојно деколте, а додека кројот е релативно едноставен и класичен, самата текстура во никој случај не е. Фустанот е изработен со техника на мозаик кој комбинира црвени и црни детали, создавајќи големи рози кои ја красат целата должина. Навистина ремек-дело на високата мода!


Актерката го заокружила изданието со суптилен, но скапоцен накит, а како и обично, нè воодушеви нејзината прекрасна, долга, негувана коса, која овој пат ја извиткала во прекрасни бранови.

Дали ви се допаѓа ова издание на Деми?





Спонзорирани линкови

Маркетинг