[ВИДЕО] Луѓето згрозени од сцена на плажа во Сутоморе: „Гледам и не верувам, ова е трагично“

Точка

16/09/2024

20:52

7.753

Големина на фонт

а а а

На социјалната мрежа Х се појави видео од маж кој чисти плажа во Сутоморе, Црна Гора, а начинот на кој го собирал ѓубрето наиде на неодобрување.

„Вака се „чисти“ плажа во Сутоморе. Забораваме дека морето во секое невреме ќе нѝ го врати сето она што сме му го дале“, е наведено во описот на видеото споделено на X.

Луѓето се згрозени од фактот дека човекот со метла го турка ѓубрето во морето, наместо да го собере и да го отстрани од плажата.

Тие негодувале на оваа сцена во големиот број коментари.

„Гледам и не верувам“, „Морничаво“, „Катастрофа“, „Трагично“, „Полошо е овој што снимал“,се само дел од негативните коментари под објавата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг