Поради обилните врнежи во Виена до некои згради може да се стигне само со брод

Макфакс

16/09/2024

08:32

1.363

Големина на фонт

а а а

Во Австрија, која е зафатена од обилните дождови што циклонот Борис ги донесе во Централна и Источна Европа, најтешка е состојбата со поплави во провинцијата Долна Австрија, која во неделата беше прогласена за зона на катастрофа.


Поради обилните врнежи, сообраќајот во Виена денеска е делумно во прекин, училиштата се во вонредна состојба, многу улици се затворени, а до некои згради може да се стигне само со брод, јавуваат австриските медиуми.


Весникот „Хојте“ пишува дека јавниот превоз е во застој, а метрото е делумно затворено поради дефекти од поплави предизвикани од обилните дождови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг