Астронаутите се вратија на Земјата од историската приватна вселенска мисија "Polaris Dawn"

Точка

15/09/2024

14:38

6.092

Големина на фонт

а а а

Непрофесионалните астронаути кои ја завршија историската приватна вселенска мисија реализирана во соработка со "SpaceX" наречена "Polaris Dawn", слетаа рано денеска во близина на јужниот дел на Флорида по петдневно патување кое ја вклучи првата комерцијална вселенска прошетка во светот.

Капсулата на "SpaceX" "Crew Dragon" со четворица астронаути слета во Мексиканскиот залив околу 3:30 часот по локално време утринава, соопштија контролорите на мисијата.

Милијардерот технолошкиот претприемач Џаред Ајзакман го водеше чартерскиот лет во координација со основачот на "SpaceX", Илон Маск, кој остана на Земјата.


Ајзакман, заедно со пензионираниот потполковник на воздухопловните сили на САД, Скот „Кид“ Потет, тренерот на астронаутите на "SpaceX", Сара Гилис, и водечкиот инженер за вселенски операции на "SpaceX", Ана Менон, полетаа во вторникот на вселенското летало "Crew Dragon" со ракета "Falcon 9" од Кејп Канаверал на Флорида.

Мисијата означи важни пресвртници за приватниот сектор за истражување на вселената, како што е првата вселенска прошетка од непрофесионални астронаути. Во исто време, "Crew Dragon" успеа да достигне височина од околу 1.400 километри, што е повисока од кој било друг лет со екипаж од слетувањето на месечината на НАСА пред повеќе од 50 години и три пати поголема од висината на Меѓународната вселенска станица.


Најризичниот дел од потфатот се случил во четвртокот кога Ајзакман, следен од Гилис, ги изведоа првите комерцијални вселенски прошетки во светот.

Аматерските астронаути не лебдеа слободно во вселената за време на прошетката. Ајзакман и Гилис поминаа околу 20 минути таму, а Потет и Менон ја надгледуваа прошетката држејќи се за специјална скала што излегуваше од капсулата.


Бидејќи "Crew Dragon" нема воздушна брава, за разлика од Меѓународната вселенска станица, сите четворица членови на екипажот мораа да носат вселенски одела бидејќи беа изложени на вакуумот од вселената, а немаше воздух за дишење во кабината.




Спонзорирани линкови

Маркетинг