Често ждригате? Еве дали треба да бидете загрижени

Точка

14/09/2024

15:24

5.988

Големина на фонт

а а а

Доколку сте се прејале или премногу брзо сте испиле газиран пијалак многу е веројатно дека потоа ќе ждригнете. Веројатно мал број на луѓе се обидува да избори колку пати дневно ждригнува, но дали некогаш сте се запрашале колкаво количество на ждригање е нормално?

Студијата од 2020 година, објавена во „Springer“ вели дека е сосем нормало човекот да ждрига и по 30 пати на ден, што на прв поглед изгледа многу. Меѓутоа, според гастроентерологот Алисон Шнајдер, ждригањето нужно не треба да биде причина за загриженост.


„Ждригањето до четири пати по оброкот се смета за сосема нормално“, изјави таа.

Кога ќе ги земете предвид трите дневни оброци, плус две или три ужинки, 30 ждригнувања дневно не изгледа како огромна бројка. Меѓутоа, гастроентерологот предупреди дека ждригањето може да биде причина за загриженост само доколку ждригате толку често што тоа започнува да го нарушува вашиот секојдневен живот или доколу имате дополнителни други симптоми.


„Ждригањето е начин на којшто телото го исфрла вишокот воздух од стомакот. Кога ќе проголтаме храна или пијалак, тие поминуваат низ хранопроводот и влегуваат во стомакот. Таму, желудочната киселина и дигестивните ензими работат на разградување на храната на хранливи материи коишто ние ги употребуваме за енергија, а во текот на овој процес се произведува гас“, вели гастроентерологот.

Исто така, можно е човек да проголта вишок воздух додека јаде или пие, којшто може да се врати во хранопроводот, а потоа да предизвика ждригање.


Пиењето пијалаци со цевка, пребрзото јадење, консумирање на газирани пијалаци, гуми за џвакање или дури носењето на протези за заби коишто не се соодветни, можат да предизвикаат преголемо количество на гас. Но исто така и изборот на храната може да доведе до негова појава.

Консумирањето на зеленчук којшто произведува гасови, како што се брокулата или зелката, исто така може да предизвика ждригање, а други намирници коишто исто така предизвикуваат ждригање се млечните производи и гравот.

Доколку сметате дека ждригате повеќе од вообичаеното, тоа може да биде предизвикано од лоша дигестија, гастритис, синдромот на иритабилни црева, рефлукс – киселина и др.