Кинеските брендови почнуваат да ја освојуваат Европа: Тоа што "KIA" го постигна за 20, ќе го направиме за 3 години

Точка

13/09/2024

17:48

9.674

Големина на фонт

а а а

Откако започна продажбата во Шпанија, Италија, Полска и Велика Британија, во наредните месеци ќе бидат вклучени повеќе земји, како и хибридни и целосно електрични модели.

Кинескиот производител на автомобили "Chery Auto" е подготвен да инвестира милијарди евра во маркетинг и развој на брендовите "Omoda" и "Jaecoo" во Европа во следните три години, а исто така размислува за изградба на уште една фабрика на истокот од Стариот континент, според до неименуван извор.

"Chery Auto" ги лансира брендовите "Omoda" и "Jaecoo" во Европа оваа година со првичен фокус на возилата со бензински мотори.

Откако започна продажбата во Шпанија, Италија, Полска и Велика Британија, во наредните месеци ќе бидат вклучени повеќе земји, како и хибридни и целосно електрични модели.


Тоа што го направи "Kia" за 20, ние ќе го направиме за 3 години

Во интервју за "Reuters", извршниот директор на брендовите "Omoda" и "Jaecoo" за Италија, Кевин Ченг, рече дека "Kia", "Hyundai", "Nissan" и "Volkswagen" се одредниците со кои сакаат да се споредуваат.

„Беа потребни речиси 20 години за јужнокорејската "Kia" да стане бренд од доверба во Европа, а нашата цел е да го изградиме тој статус во рок од три години“, рече Ченг.

Плановите за инвестирање во маркетинг и развој на брендот во Европа се доверливи, „но се работи за огромна сума пари, милијарди евра“, додаде тој.


Извозните марки на "Chery", "Omoda" и "Jaecoo", не дадоа кумулативни податоци за продажбата во Европа, но рекоа дека продале речиси 150.000 возила во првите осум месеци од оваа година.

Европската унија предлага дополнителни царини од 20,7 отсто за автомобилите "Chery" како дел од планираните царини за електрични возила произведени во Кина.

„Тоа е предизвик“, рече Ченг, истакнувајќи, сепак, дека ЕУ предлага пониски царини за "Chery" отколку за некои други кинески производители, како што е "SAIC Motor".


„Сакаме да воспоставиме добри односи со ЕУ. Производството на автомобили во Европа ќе ни помогне да ги избегнеме царините“, рече тој.

До крајот на годината најголемиот кинески производител на автомобили по обем на извоз треба да започне со производство во неодамна купената фабрика во Барселона, првата производствена локација во Европа, во соработка со шпанскиот партнер "EV Motors".


Групата исто така разгледува опции за друга локација во Европа. Италијанската влада веќе преговара со "Chery" и други кинески производители на автомобили, вклучително и "Dongfeng Motor", за да го поттикне домашното производство на автомобили.

"Chery" ја разгледува и Источна Европа како опција за втора производствена локација, изјави изворот за "Reuters".




Спонзорирани линкови

Маркетинг