Богатите германски семејства ја користат кризата купувајќи трофејни имоти

Денар

07/09/2024

17:02

4.490

Големина на фонт

а а а

Додека институционалните инвеститори се повлекуваат од нарушениот германски пазар на комерцијални недвижности, богатите семејства чувствуваат можност да купат трофејни средства по пониски цени, пишува „Bloomberg“.

Ултра богатите приватни инвеститори затвориле зделки во вредност од 1,5 милијарди евра за сите класи на имот во првите шест месеци од оваа година, покажуваат податоците на брокерот за имот „Jones Lang LaSalle“ (JLL).

Откако Европската централна банка (ЕЦБ) почна да ги зголемува клучните каматни стапки во 2022-ра година, обемот на инвестиции во приватна сопственост остана стабилен, при што другите групи инвеститори очигледно се повлекуваат, вели „JLL“. Тоа значи дека уделот на богатите во вкупниот број зделки се зголеми петкратно на околу 10% од вкупниот број во првите шест месеци од 2024-та година, покажуваат податоците на „JLL“.

Набавките вклучуваат канцеларии кои се погодени и од трендот на работа од дома по пандемијата и од повисоките каматни стапки. Во Хановер, „JLL“ посредуваше за договор од 70 милиони евра за продажба на поранешното седиште на „Deutsche Hypothekenbank“ на семејната канцеларија на Карл Герхолд, основач на енергетската компанија „Getec Group“.


„Во 2023-та година, канцелариите сочинуваат речиси една третина од инвестициите во имот направени од приватни инвеститори, а уделот на канцелариските трансакции како дел од поширокиот германски пазар паѓа на 17%. Институционалните инвеститори сè уште се претпазливи околу инвестирањето во канцелариски простор“, вели Стефан Лимбах, шеф на канцелариски инвестиции за Германија во „JLL“.

Освен канцелариите, престижните згради и локации сѐ уште еден фаворит за приватните инвеститори. Во март, „Union Investment“ го продаде „Fünf Höfe“ во Минхен, во кој се наоѓаше луксузен трговски центар, како и канцеларии и станови, на семејството на германските милијардери во здравството Андреас и Томас Струнгман. Комплексот беше продаден за 700 милиони евра, што го прави една од најголемите зделки на германскиот пазар на деловни недвижности оваа година.


„Трофејните средства како ‘Fünf Höfe’, како и недостатокот на сериозна конкуренција, ги привлекуваат приватните инвеститори кои се повлекоа од пазарот кога другите купувачи беа најактивни“, рече Хенинг Кох, главен извршен директор на фондовиот менаџер „Commerz Real“.

Остатокот од текстот можете да го прочитате ТУКА.



Спонзорирани линкови

Маркетинг