Лиам и Ноел Галагер се смирија по 16 години, легендарниот бенд „Oasis“ најави турнеја: „Пиштолите стивнаа“

Точка

27/08/2024

10:24

1.902

Големина на фонт

а а а

Легендарниот бенд „Oasis“ најави турнеја откако браќата Лиам и Ноел Галагер се смирија по 16 години.

Имено, во јули и август следната година тие ќе одржат концерти во Кардиф, Лондон, Манчестер, Единбург и Даблин.

Во соопштението е наведено дека наскоро ќе бидат најавени концерти надвор од Европа. Билетите ќе бидат пуштени во продажба од 31-ви август, а цената ќе биде објавена на истиот датум.


„Немаше голем момент во кој дојде до смирување - само постепено сфаќање дека дојде времето за тоа. Пиштолите стивнаа. Ѕвездите се порамнија. Чекањето заврши. Дојдете. Ова нема да се емитува на телевизија“, е исто така наведено.

Сепак, „Oasis“ не планира да се врати во студио и да снима нова музика. И покрај тоа што бендот не е на музичката сцена со години, нивната популарност не опадна во ниту еден момент - тие имаат повеќе од 20 милиони слушатели на „Spotify“ месечно, а генерацијата Z ги обожува.

Како што е познато, Ноел пред 16 години донесе одлука да го напушти „Oasis“ откако се искара со Лиам. Браќата долго време се прозиваа еден со друг по медиумите и социјалните мрежи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг