Пожарот на Галичица е еден од неколкуте активни во земјата. И покрај целодневните напори да се стави под контрола, пожарот продолжува да гори, а сега се шири и од охридска страна.
Од ЦУК велат дека гаснењето се гаси од воздух на две локации – кон селата Стење и Лескоец кај Преспа и на Охридска територија кај месноста Војтино.
Кампери од Љубаништа сведочат за „Макфакс“ дека во текот на денот во Охридското Езеро имало саѓи и пепел.
„Забележавме пепел во езерото. Си заминавме вечерва“, раскажуваат.
На социјалните мрежи се појавуваат апели за доброволци кои би можеле да помогнат да се изгасне пожарот.
На Фејсбук страната „Охриѓани“ е објавено дека по консултација со планинската спасителна служба, сите физички спремни доброволци, утре во 07:00 часот да се пријават кај планинарската куќа Спиридон, (после Црквата Св. Ѓорѓија на Галичица накај Ресен од десна страна) со свој алат, мотика или гребло!
На оваа објава реагираше еден граѓанин на Охрид кој вели:
„Јас сум физички и психички спремен и волен да помогнам … за чизми ќе се снајдам, опрема од МВР-ПЕП имам, ама од каде да ви најдам мотика, гребло, лопата кога живеам во Центар? Не треба само желба, треба и опрема, заштитна маска“, пишува тој.
После консултација со планинската спасителна служба, сите физички спремни доброволци, утре во 07:00 часот да се пријавет...
Posted by Ohrigani on Wednesday 14 August 2024