Кога чувствуваме главоболка, најчесто посегнуваме по проверени лекови од домашната аптека, но овој симптом може да се ублажи со разни природни трикови.
Главоболките се честа и прилично вообичаена состојба со која луѓето се соочуваат секојдневно, а можат да бидат непријатни или целосно неподносливи до таа мера што можат да ви го нарушат секојдневието.
Постојат неколку видови на главоболки, а најчести се тензионите главоболки. Тука се и кластер главоболките кои се многу болни и се јавуваат на едната страна од главата, како и мигрени кои исто така се движат од умерени до тешки.
Според медицинската платформа „Healthline“, постојат природни методи кои можат да помогнат при одредени главоболки, па затоа вреди да пробате нешто од оваа листа пред да се напиете аналгетик.
Пијте повеќе вода
Недоволната хидрираност може да доведе до главоболки, а студиите покажале дека дехидрацијата е всушност честа причина. Затоа, хидратацијата може да ја подобри концентрацијата и да ја намали раздразливоста, поради која главоболката некогаш делува уште полошо, а истражувањето објавено во 2020 година во „Journal of Clinical Neuroscience “ покажало дека пиењето повеќе вода може да ја намали зачестеноста, времетраењето и сериозноста на главоболките кај некои луѓе.
Покрај тоа што ќе пиете повеќе течности, обидете се да јадете храна која е богата со вода, како што се овошје и зеленчук.
Земете магнезиум
Магнезиумот е важен минерал кој има бројни функции во телото, вклучително и регулирање на шеќерот во крвта и нервна трансмисија, а „Healthline“ пишува дека може да помогне и при главоболки.
Студијата објавена во 2020 година во списанието „Biological Trace Element Research“ покажала дека недостатокот на магнезиум е почест кај луѓето кои имаат чести мигренозни главоболки.
Ограничете го внесот на алкохол
Иако алкохолот сам по себе не е причина за главоболки, студиите покажаа дека тој може да предизвика мигрена кај третина од луѓето кои имаат чести главоболки.
Внесувањето алкохол е исто така фактор на ризик за тензиони и кластер главоболки, кои се меѓу најтешките видови. Тоа го прави на повеќе начини, вклучувајќи предизвикување воспаление, активирање на одредени невронски патишта, придонесува за дехидрација и проширување на крвните садови, но точниот механизам сè уште е нејасен.
Обезбедете си квалитетен сон
Сонот е многу важен за здравјето поради многу причини, а ако спиете малку и лошо, тоа може да доведе до главоболки кај некои луѓе.
Но, бидете внимателни: премногу сон исто така може да предизвика главоболки, па затоа е важно да спиете 7 до 9 часа во текот на ноќта.
Избегнувајте храна со многу хистамин
Хистаминот е органско соединение кое игра важна улога во имунолошкиот, дигестивниот и нервниот систем, а може да се најде во одредени намирници како сирење, вино, пиво, чадена риба...
Истражувањата покажаа дека консумирањето хистамин може да предизвика мигрена кај луѓето кои се склони кон неа, а имајте на ум дека некои луѓе не можат правилно да го излачуваат хистаминот поради нарушена функција на ензимите кои го разградуваат.
Покрај овие, медицинскиот портал „Healthline“ ги нуди следните совети за борба против главоболката на природен начин:
- Обидете се со есенцијални масла.
- Пијте Б комплекс витамини.
- Нанесете ладна облога за да ја смирите болката.
- Размислете за употреба на коензим Q10.
- Обидете се со елиминациска диета за да дознаете што ги предизвикува вашите главоболки.
- Пијте пијалаци со кофеин како што се кафе или чај.
- Обидете се со акупунктура.
- Вежбајте јога.
- Избегнувајте силни мириси.
- Обидете се со хербална терапија.
- Избегнувајте нитрати и нитрити.
- Користете ѓумбир.
- Бидете физички поактивни.