Актерката Хали Бери (57) направи вистински „бум“ на синоќешната премиера на филмот „The Union“ во Холивуд. Во оваа шпионска комедија таа ја игра главната улога со Марк Волберг, а на црвениот тепих се појави во фустан-ноќница кој во целост го оправдува својот назив.
Стилизиранa од Линдзи Флорес, фустанот на Бери имал изрези околу половината и длабок V-изрез напред. Позирајќи им на фотографите, таа спремно ја покажала долната облека, а на прашањето зошто го одбрала ова парче облека, таа одговорила: „Затоа што можам“.
Провокативното издание го следи нејзиниот моден манир - Бери често на јавните настани носи проѕирни фустани со кои ги привлекува сите погледи кон неа. За неа велат дека е „жена бомба“ и дека го мами времето со младешкиот изглед иако има 57 години.
Пред премиерата, актерката го промовираше филмот со Волберг кога зборуваше за повредите кои ги добила во текот на кариерата: „Три пати бев нокаутирана. Раката ми беше скршена, ребрата ми беа скршени два пати - еднаш две ребра, вториот пат три ребра...“, изјавила таа.
Бери се присетила на снимањето на филмот „Dark Tide“ од 2012 година: „Глумев нуркач, морав да го задржам здивот речиси две и пол минути, се чувствував како да ќе умрам“.
Во текот на својата кариера, актерката совладала бројни боречки вештини како кик-бокс, џиу-џицу, теквондо, тајландски бокс, како и стрелаштво, пишува „Page Six“.