"Apple" објави нови трошоци за корисниците: Доколку сакате да уживате во овие функции, ќе мора да платите!

Точка

12/08/2024

21:11

6.273

Големина на фонт

а а а

"Apple" би можел да им наплати на корисниците до 20 долари за своите напредни функции за вештачка интелигенција.

Американската технолошка корпорација "Apple" би можела да им наплаќа на корисниците до 20 долари месечно за најновите напредни функции за вештачка интелигенција (AI), познати како "Apple Intelligence".


Претставник на истражувачката агенција "Counterpoint Research" Нил Шо наведува дека инвестирањето во вештачка интелигенција е скапо и дека "Apple" ќе сака да ги пренесе тие трошоци на своите корисници, веројатно преку модел на претплата кој вообичаено чини 19,95 долари месечно. Тој мисли дека "Apple" би можел да наплаќа помеѓу 10 и 20 долари месечно за своите нови функции за вештачка интелигенција.

"Apple" претходно на својата годишна светска конференција за програмери (WWDC) во јуни објави дека ќе изгради сопствен систем за вештачка интелигенција во своите апликации и уреди, но не кажа дали ќе ги наплаќа одделно.


Компанијата од Купертино изјави дека нејзиниот гласовен асистент "Siri" ќе биде надграден со помош на вештачка интелигенција.