[ВИДЕО] Нападот на Курската област го предводи платеник: Украинците нападнале со 6.000 војници, Русите донеле засилување – претстои жестока борба

Точка

09/08/2024

17:46

4.009

Големина на фонт

а а а

Украина наводно ја нападнала областа Курск со три бригади, од кои секоја брои до 2.000 луѓе.

Меѓу нив е и 80-та воздушна бригада, која американскиот „Форбс“ ја нарекува една од „најмоќните и најбрзите“ украински бригади која користи советска и западна опрема: тенкови Т-64БВ или Т-80БВ, возила за расчистување мини УР-77, инженерски возила ИМР-2, БТР-80, американски оклопни транспортери на тркала, Страјкер и германски Мардерс.

Сите возила дополнително се опремени со кафези против дронови.

Американскиот портал „The War Zone“ наведува дека околу 120 пратеници од Грузиската легија учествуваат во нападите на областа Курск!

Командантот на една од извидувачки групи, Георгиј Парзиванија на социјалните мрежи неретко знае да објави видеа од првиот фронт.

Парзиванија се бори на украинската страна веќе две години, меѓутоа во едно видео навел дека само ги предводи Украинците, додека се фотографирал со грузиското знаме.

Телеграм каналот „SHOT“ навел дека меѓу украинските диверзанти се наоѓаат и платеници од Канада.

Вкупно, во зоната на инвазија и околу неа можно е да има до 10.000 украински војници.

Москва, исто така, не престанува да ги зајакнува силите кои се тргнати во напад на украинските формации во округот Суџан во областа Курск.

Министерството за одбрана објавило видео од долга колона оклопни и артилериски возила кои рано утрината се движеле кон Суџанскиот округ.

Да потсетиме, Украина во текот на претходната ноќ разнела конвој руски воени возила кои се движеле кон Суџан во Курската област.




Спонзорирани линкови

Маркетинг