Постојат 7 карактеристики кои децата ги наследуваат само преку таткото, додека се верува дека интелигенцијата ја наследуваат од мајката.
Иако научниците тврдат дека децата најчесто ја наследуваат интелигенцијата од своите мајки, денес ви пренесуваме листа од 7 карактеристики кои се наследуваат директно од татковците.
Оваа студија гласи вака:
1. Ментални нарушувања. Меѓу оние кои мажите ги пренесуваат на своите потомци, најистакнати се АДХД и шизофренијата.
2. Репродуктивно здравје. Истражувањата открија дека слабиот квалитет на спермата може да биде наследна патологија. Во овој случај, бебињата зачнати како резултат на ИВФ веројатно и самите ќе имаат проблеми со зачнување.
3. Срцеви заболувања. Научниците откриле дека некои мажи можеби се носители на неисправни хромозоми, што го зголемува ризикот од коронарна артериска болест за 50%. Под одредени фактори, оваа особина ја наследуваат синовите.
4. Пол. Не е тајна дека машките гени се одговорни за полот на бебето.
5. Раст. Интересно е што растот зависи од гените на таткото: колку е повисок таткото, толку е поголема можноста наследниците да бидат високи.
6. Боја на очите. Со оглед на тоа што гените на таткото доминираат повеќе од гените на мајката, главните црти на лицето и бојата на очите на детето се со поголема веројатност да бидат исти како оние на таткото.
7. Состојба на забите. Мора да знаете дека машките гени се одговорни за структурата на вилицата, па децата ја наследуваат густината на забите, белината и слично од својот татко.
И сега да зборуваме за интелектуалните способности на децата:
Мајката им пренесува 100% од својот интелект на своите синови.
Истото важи и за недоволно развиените ментални способности кои синот ги наследува од мајка си.
Таткото може да „дели“ интелект само со својата ќерка, но шансите за тоа се 50% (што значи дека ќерката може да наследи интелект и од мајката и од таткото).
Генијални жени или 100 проценти глупави жени не постојат. Но, затоа мажите со Нобелови награди и сериски убијци се реалноста на нашите животи.
Што наследуваме единствено од нашите мајки?
• Метаболизам – способност за слабеење
• Моќта на концентрација
• Склоност кон стареење – првите брчки на насмевката ќе се развијат со иста брзина како и на вашата мајка
• Расположение – ако мајката е весела и насмеана личност, ќе бидат и децата
• Меморијата – ако мајка ви е „бистра како роса“ и во старите денови, не грижете се, бидејќи и вие ќе бидете такви.
Заклучок и порака до жените:
Ќерката ќе добие половина од вашите ментални способности (затоа пред бременоста развивајте го мозокот)!
Синот го наследува умот на вашиот татко, а не на вашиот сопруг. Па таа фраза „ист си како татко ти“ не држи вода.
Можете да ја воспитувате вашата ќерка како сакате, но таа секогаш ќе има ум како нејзиниот татко!