[ВИДЕО] Ѓоковиќ со солзи во очите му испрати моќна порака на Алкарас: Не планирам да застанам тука!

Дерби

03/08/2024

10:05

3.419

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ за првпат се пласираше во едно финале на Олимписките игри и премости една пречка која никако не можеше да ја надмине, откако денеска за првпат славеше во четвртото полуфинале на најголемиот спортски настан.

По три неуспешни обиди, Ноле денеска изгледаше максимално фокусирано и концентрирано да дојде до посакуваната цел, а до истата дојде со победа над Лоренцо Музети со резултат 6:4 и 6:2.

Ѓоковиќ со пласманот во финалето веќе обезбеди медал за својата Србија, но и самиот со солзи во очите најави дека ќе биде многу послатко ако го освои златото.

Новак брка прво олимписко злато во својата кариера, а противник во неделното финале ќе му биде разиграниот Карлос Алкарас.

– Тешко е да се контролираат сите емоции. Ова е петта Олимпијада за мене и првпат ја минав непремостливата препрека. Загубив во три полуфиналиња, останав без три медали. Сега донесов медал за Србија и тоа е огромен успех, без оглед што ќе се случи во недела.

– Јасно е, не планирам да застанам тука, одам на злато во финалето. Не се задоволив само со пласманот во финалето, но сега мора да прославам како што доликува. Обезбедив медал за мојата земја, секогаш имав најголем притисок на Олимписките игри. Се надевам на најдобар исход од финалето, се надевам дека ќе го имам најдоброто издание на турнирот. Не загубив ниту сет досега, но не загуби ниту Алкарас. Знам каков предизвик ме чека, но се пласирав во финале на Олимпијада. Дозволите ми малку да прославам, – изјави емотивниот Ѓоковиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг