Манчестер Сити се соочува со можно исфрлање од Премиер лигата доколку неговата жалба биде одбиена во декември, објави британскиот весник „Financial Times“.
„Манчестер Сити ќе се соочи со санкции во 2027 година ако жалбата на клубот не биде усвоена. Жалбата во случајот за прекршување на финансиските правила ќе се разгледува кон средината на декември. Парични казни, одземање бодови, па дури и исклучување од Премиер лигата се меѓу можните санкции“, наведува весникот.
FT Exclusive: Sanctions against Manchester City will be handed down next year if the club fails next month to successfully appeal findings that it breached the Premier League’s financial rules. https://t.co/itS6iVBOsl https://t.co/02YHitv79a
— Financial Times (@FT) November 13, 2026
Според извештајот, Манчестер сити бил прогласен за виновен по 114 од вкупно 115 точки од обвинението. Точките се однесуваат на прекршување на финансиските правила на Премиер лигата од сезоната 2009/10 до сезоната 2017/18, како и на несоработка во истрагите до февруари 2023 година.

На клубови во Англија им биле одземани бодови и за многу помали прекршоци, најчесто од четири до 12. Затоа англиските медиуми сметаат дека на Сити би можеле да му бидат одземени толку бодови што следната сезона би играл во втората лига. Другата можност, според нив, е клубот да остане во Премиер лигата, но да ја почне следната сезона со толкав бодовен минус што испаѓањето во Чемпионшип би било речиси неизбежно.

Според текстот, повеќето англиски клубови сметаат дека, доколку на Манчестер сити му биде изречена толку строга казна, треба да му бидат одземени и сите освоени трофеи.













